Почна поставување на бекатон на улички во кумановската населба „Никола Тесла“, информираа денеска надлежните од Одделението за комунални дејности на Општина Куманово. Помошникот раководител, Момчило Јовановски информираше дека се уредуваат три крака од улицата.

-На овие улички претходно беше поставена водоводна мрежа мрежа, сега се поставува бектон плочки. Средствата се определени во програмата за изградба, одржување и санација на улици за 2022 година. Одвоени се 1.387.140 денари од буџетот, изјави Јовановски.

Според програмата во моментов се поставува бекатон на три крака при што вкупно ќе бидат поставени 1.137 квадратни метри бекатон. Жителите од овие улици велат дека нема веќе да газат кал и тешко да се пробиваат со возилата до главната улица.