Во Крушево денеска се одржа првиот координативен состанок во рамките на проектот „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација“, од програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Албанија.

Како што информираат од крушевската локална самоуправа, на состанокот се разговараше за почетната и за следните фази на проектот. Планирањето започна со таканаречените „меки“ активности, како што е градење на капацитетите на угостителскиот сектор, и инфраструктурните проекти кои треба да се реализираат на двете страни.

Гостите од Албанија, општина Елбасан, и невладината „Тјетер Вижан“ (Tjeter Vizion), заедно со АЛКА – Центарот за одржлив развој, како партнери во проектот, ги посетија полетувалиштето за параглајдинг и уште неколку локалитети кои се средиште на развојот на туризмот во Крушево. Проектот ќе трае три години. ем/хс/