Уметничката галерија – Тетово во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март вчера свечено ја отвори изложбата на фотографии со наслов „Сигнал“ посветена на положбата на жената во општеството. Преку фотографиите се прикажани професионалните занимања на жените, нивното учество и влијание во пазарот на трудот, како и присуство во сите општествени сфери.

-Изложбата содржи инспиративна анализа на положбата на жената во општеството и нејзината цел е да се поттикне и развие интелектуалната свест кај жените, да се поттикне потребата од промени и можноста жените да учествуваат во обликувањето на нивната иднина, информираат од Уметничка Галерија Тетово.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста во наредните седум дена.