Домот на Културата во Македонска Каменица ја подготвува ликовната изложба ,,Корона” на карикатуристот Миро Георгијевски. Изложбата, како што информираа од Домот за култура, ќе биде отворена задутре во фоајето на установата.
-Во понеделник на 7 март со почеток од 13 часот ќе биде отворена ликовната изложба на еден од најпознатите македонски и светски карикатуристи Миро Георгијевски со наслов „Корона”. Миро е еден од најуспешните македонски карикатуристи и добитник на многу признанија кај нас и во светот, истакнаа од установата како најава за изложбата.
Оттаму упатија покана до љубителите на уметноста, запазувајки ги мерките за Ковид-19 и носење на заштитни маски, да присуствуваат на свеченото отворање на изложната.
Георгијевски во својата кариера има освоено повеќе награди меѓу кои „Мајстор на карикатура” во Кина и е прогласен за еден од стоте најзначајни карикатуристи во светот, а во 2011 година од ЗКМ, Миро е прогласен за карикатурист на годината.