Вчера, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, во Охрид оствари работна средба со претставници на МВР, Регионален центар за гранично управување- Запад и со Езерска полиција.
На средбата е констатирано дека соработката помеѓу овие единици на МВР и Државниот инспекторат за земјоделство е многу добра и постојано се унапредува и дава резултати во спречување на криволовот во Охридското езеро.
Само во јануари и февруари оваа година се запленети 7000 метри рибарска мрежа и 200 парчиња риба од криволовот и риболовен алат.
Разговарано е за тековните активности и идните заеднички активности во заштита на Охридското езеро од криволовот.