Ние долупотпишаните лекари и здравствени работници водејќи сметка за здравјето, благосостојбата и квалитетот на живот на луѓето кои живеат во нашиот град Тетово, свесни за причините за заболувања и нарушувањата на здравјето на нашите пациенти, како и можностите за унапредување на истото, даваме јавна и целосна поддршка на иницијативата на група интелектуалци „Град е со градски – Тетово сака парк“ со која се предлага формирање на прв вистински градски парк во Тетово преку соодветни постапки со кои ќе се утврди соодветна парковска намена на урбаните блокови 27, 29, 31 и 57 кои го формираат последниот неискористен јавен простор во градот.
Сметаме дека градот Тетово мора да добие градски „бели дробови“, зелен појас во кој ќе можат да се задоволат потребите на луѓето за активен одмор во природа и да се втемелат нови здрави навики во начинот на живеење на нашите сограѓани. Ваквиот зелен појас – градскиот парк би придонел многукратно кон подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните, со сигурни придобивки кон нивното здравје, овозможувајќи простор за здрава социјализација на младите, рекреативни и спортски активности и многу повеќе чист воздух.
Поддршка изјавуваат:
д-р Антигона Треневска, педијатар
д-р Славица М. Станкоска, неонатолог
д-р Екрем Исмани, трансфузиолог
д-р Мирица Петрова, анестезиолог
д-р Јовица Мацура, интернист
д-р Мерал Реџепи, гинеколог
д-р Зоран Соколовски, хирург
д-р Оливера Кузманоска, гинеколог
д-р Гордана Стојаноска, специјалист по општа медицина
д-р Иван Карапетров, торакален хирург
д-р Снежана Матовиќ, интернист
д-р Екрем Елеси, уролог
д-р Цветанка Трпевска, офталмолог
д-р Флора Рустеми, гинеколог
д-р Драган Јовановски, стоматолог
д-р Александра Закоска, гинеколог
д-р Тимосије Јованоски, општ лекар
д-р Ленче Новеска, специјалист по семејна медицина
д-р Елизабета Трајковска, патолог
д-р Емилија Кочовска, трансфузиолог
д-р Тамара Ѓорѓевска, општ лекар
д-р Маријана Филиповска-Рафајловска, гинеколог
д-р Ратка Филиповска, офталмолог
д-р Вук Ѓорѓевски, стоматолог
д-р Стефанка Здравкоска, радиолог
д-р Бобан Сотировски, општ лекар
д-р Миомира Ѓорѓевска, специјалист по семејна медицина
д-р Марија Евкоска, радиолог
д-р Александар Блажевски, општ лекар
д-р Теодора Сибиновска, општ лекар
д-р Валбона Гафури-Бериша, психијатар
д-р Ивана Стојаноска, општ лекар
д-р Оливера Јовановска, општ лекар
д-р Миланчо Младеноски, стоматолог
д-р Весна Зориќ, просветен работник
д-р Дејан Трпкоски, стоматолог
д-р Тамара Михајловска-Мичевска, општ лекар
д-р Владимир Јовановски, стоматолог
д-р Милан Михајлов, стоматолог
Хаџере Ќазими, медицинска сестра
Мирјана Јованоска, медицинска сестра
Исмије Гаши, медицинска сестра
Анета Арсовска, медицинска сестра
Живка Јованоска, медицинска сестра
Сузана Максимовска, медицинска сестра
Ерлинда Тела, медицинска сестра
Јовица Ефкоски, медицинар
Ава Земиши, медицинска сестра
Халиде Исени, медицинска сестра
Иницијативата „Тетово сака парк“ беше покрената на 21 февруари од страна на 60-тина тетовски интелектуалци, универзитетски професори, урбанисти, адвокати, актери и др. Преку предлогот до општината, согласно Законот за локална самоуправа, беше побарано формирање на првиот градски парк на површина која е 87% во државна сопствена и претставува последна површина од таков тип на кој може да се формира парк.
Зад предлогот за парк застанаа и над 2.500 граѓани преку потпишувањето на онлајн петицијата.