На 5 март 2022 во 20,15 часот во Полициска канцеларија Пехчево А.Ќ.(57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат К.Д.(74) од.с.Црник кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 3 март 2022 го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец и до моментот на пријавувањето не се вратил во неговиот дом во с.Црник.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.