Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот дeн на жената, денеска на пладне во Филхармонија ќе се одржи настан под слоганот „Силни жени-силни заедници“ .

Акцентот ќе биде ставен на мерката „Економија на грижа“, како дел од Оперативниот план на активни програми и мерки на Министерството за труд и социјална политика, чиј спроведувач е Агенцијата за вработување, со поддршка од УНДП и Амбасадата на Швајцарија во земјава.

Како што е најавено, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Улман Марти, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјава и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати.