Без електрична енергија денеска од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гостиварска“, од број 1 до 11 во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 14 часот денеска без струја ќе бидат жителите од улицата „4“ во Горно Соње, општина Сопиште и зграда број 2 на улица „Костурски Херои“ во општина Центар.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради веќе закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Без електрична енергија утре од 9 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Трета македонска бригада“, број 70 во општина Аеродром.

Во периодот од 9 до 14 часот утре без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Бриселска“ и „Копенхагенска“ во општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.