Државната изборна комисија денеска одржа седница на која беа усвоени упатства во пресрет на локалните избори во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Исто така беше усвоен и годишниот извештај за завршна сметка за 2021 година.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски и членовите на Комисијата едногласно ги усвоија Предлог-упатство за утврдување на идентитетот на гласачот за изборите на градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 2022 година и посебно упатство за процедура за остварување на избирачко право на избирачот кој на денот на гласање ги исполнува законските услови да биде запишан во избирачкиот список.

– Како ДИК треба да ги известиме сите заинтересирани дека подготовките и изборните дејствија се одвиваат согласно роковникот на Комисијата. Дел од изборните дејствија се извршени, а наредно дејствие е доставување на членови на избирачките одбори од страна на политичките партии, за што ќе бидат денеска известени, истакна Борис Кондарко член на ДИК.

Локалните избори во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа се презакажани за 17 април 2021 година, поради немање цензус на регуларните избори што се одржаа на 17 октомври минатата година.