Штипјанецот Зоран Митревски денеска за првпат ги презентираше своите уметничка дела во библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип. Станува збор за Осмомартовска ликовна изложба со наслов „Жената – вечна инспирација“.

Митревски, преку својата прва изложба ја искажа љубовта кон сликарството и се одлучи да ја посвети на жената како вечна инспирација. Според Митревски, основната порака е дека сликарството треба да се види, почувствува и доживее.

Ликовната изложба беше пропратена со читање поезија, односно со литературата, како сродна уметност на сликањето, а сликаа ученици од едно основно и едно средно училиште во Штип.

Промотор на изложбата беше м-р Гоце Ристовски, доцент на Факултетот за театарски уметности при Универзитетот за аудио-визуелни уметности – ЕСРА.