Во ковид-центарот при Општата болница со проширена дејност во Дебар почина пациент на 86-годишна возраст, кој десетина дена бил на болнички третман.
-Моментно во центарот хоспитализирани се двајца пациенти, чија здравствена состојба е стабилна. Исто толку се на дневна терапија, што подразбира доаѓаат, примаат соодветна терапија, малку одмораат и заминуваат, изјави за МИА директорот на установата Баки Алили.
Изминатите денови од овој месец на подрачјето на оваа и општина Центар Жупа потврдени се 11 новозаразени, закрепнале 23, додека починале три лица. Годинава најголем број новозаразени се регистрирани минатиот месец, 115, закрепнале 109, додека почнале две лица.
Од почетокот на пандемијата, пак, во почетокот на месец 2020 година позитивни на вирусот биле 1.645 лица, активни на болеста се 12, додека починале над 90 лица.
Алили апелира до сограѓаните да се имунизираат против вирусот, додавајќи дека во вакциналниот пункт, кој функционира во модуларната болница, непречено се одвива овој процес со зголемен интерес последните денови.