Ветивме водоводна мрежа во местото наречено Каваклија, која од денес веќе се реализира.
Со проектот ќе изградиме водоводна линија со должина од 2.600 метри, а со тоа ќе ги решиме долгогодишните и секојдневни предизвици на жителите во овој дел од градот.
Нашите заложби ќе ги насочиме кон решавање на најголемите проблеми, во најзасегнатите населби во Штип, затоа што сите граѓани заслужуваат основни услови за достоинствен живот!