Вкупно 73 домаќинства од Охрид подигнале пластични канти за селекција на отпад за само една недела, од почетокот на акцијата на јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец".

Согласно програмата за заштита на животната средина годинава предвидено е да бидат доделени околу 260 канти од 120 литри на индивидуалните домаќинства од улиците „Григор Прличев", „Петар Чауле", „Боро Шаин", „Христо Узунов", „Аргир Маринчев", „11-ти Октомври", „Бранко Шотра", „Нада Филева" и „Димче Маленко".

Интерес, според раководните лица во „Охридски комуналец", има. Очекуваат до крајниот рок, односно 31 март сите домаќинства од предвидените улици да ги подигнат кантите за отпат од просториите на Секторот за механизација.

– Во голема мера отпадот се собира во нестандарна амбалажа, а со собирање во пластични канти се подобруваат хигиенско – санитарните услови, заради тоа што нема непријатни миризби и нема разнесување на отпадот и формирање на диви депонии, посочуваат од Општина Охрид.

Граѓаните при подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација со видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од „Охридски Комуналец".

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Собранието продолженија на три седници 15:50

Димовски од АНБ: Македонија е изложена на континуиран разузнавачки интерес 15:49

Средба на Џафери со регионална координаторка за Европа на ПОВ, Сандра Пернар 15:45

ВМРО-ДПМНЕ: Павле Трајанов признава дека е нем послушник на ДУИ/СДСМ 15:43