Набавен камионет за потребите на општинското комунално претпријатие „Јегуновце“
Во насока на подобрување на работата и услугите што ги нуди општинското комунално претпријатие, набавена е механизација – Камионет патар. Ова е втора капитална инвестиција за потребите на јавното претпријатие, претходно набавивме багер и истиот е ставен во функција и значително придонесува за работата на комуналното претпријатие.
Со дооопремување на механизацијата на комуналното претпријатие целосно ќе одговориме на потребите, а комуналното претпријатие ќе може непречено да ги спроведува своите активности.
Јавното претпријатие „Јегуновце“ со сопствена механизација и капацитет ќе биде на располагање на потребите на општината, а со тоа ќе се заштедат буџетски средства и нема да се ангажираат надворешни субјекти.