Владата на Косово на денешната седница го прифати барањето на Министерството за надворешни работи за времено укинување на визниот режим за државјаните на Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала го предложи укинувањето на визите „со цел да им се овозможат олеснувања на Украинците кои Косово го гледаат како безбедно место“.
– Имајќи ја предвид тешката состоја со која се соочуваат граѓаните на Украина, МНР предлага укинување на визниот режим заз украинските државјани. Ова го засноваме на хуманитарните барања, со цел да им се овозможат олеснувања на Украинците кои Косово го гледаат како безбедно место. Исклучувањето од визниот режим би им го овозможило влезот во Косово или транзитот кон други земји, изјави Грвала.
Владата на Албин Курти претходно изрази готовност за прием на пет илјади украински бегалци.