Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска ќе допатува во посета на Сараево и Приштина.

Бербок во Сараево ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ. По тој состанок е закажана заедничка прес-конференција. Посетата на Сараево таа ќе ја заврши со разговори со високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Потоа ќе отпатува во Приштина, каде што е предвидена средба со косовската претседателка Вјоса Османи.

Германската мионистерка ќе се сретне и со премиерот на Косово, Албин Курти, по што ќе одржи заедничка прес-конференција. На крајот од посетата на Приштина, Бербок ќе оствари средба со претставници на КФОР и германски војници од таа мировна мисија.

Бербок на вториот ден од посетата на Западен Балкан ќе го посети Белград, а потоа ќе отпатува за Молдавија.