Куманово избра фирма на јавен оглас за заловување кучиња скитници, соопштија денеска надлежните од Општината.
На објавениот тендер за услуги за заловување на кучиња скитници и нивното згрижување на територија на Општина Куманово избран е А.Д. Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков" Куманово.
Според склучениот договор, Општината на годишно ниво ќе одвои 1.499.780,00 со вклучен данок на додадена вредност за заловување и третман на кучињата скитници.
Од секторот за инспекциски надзор, потврдија дека заловувањето ќе се одвива согласно план и динамика, но ќе се интервенира и по дојава на граѓани. Куманово со години наназад спроведува годишен тендер за заловување кучиња скитници и организира акција за вдомување во соработка со операторот и со здруженија на граѓани.