На Факултетот за Образовни науки во Штип, денеска ќе се одржи работен состанок во рамки на Еразмус + проектот BeValueR, во кој дел од проектниот тим се и професори од Универзитет Гоце Делчев – Штип (УГД).
На состанокот ќе се презентираат досегашните резултати од проектот кој вклучуваат програма за млади, креирани од проектниот тим од Бугарија, програма за родители, креирана од проектниот тим од УГД, како и тестирање на ИТ мулти платформата.
Ќе учествуваат претставници на таеквондо клубови и национални таеквондо федерации на Бугарија, Словенија, Романија и Грција, меѓу кои се и претставници на највисоките органи на Европската таеквондо федерација.
На состанокот, учество ќе земат и претставници од таеквондо клубови од Северна Македонија, но и тренери во карате и борење во насока на разгледување на можностите за примена на добрите практики од таеквондо во другите боречки вештини.