Здружението „Диван“ со подршка на Министерството за култура објавува јавен повик за пријава на поетски трудови за збирката поезија „Мостови на пријателството 6″.
Темата на конкурсот е слободна. Рокот за пријавување е отворен од 12 март до 8 април оваа година.
Како што соопштија од здружението, право на учество имаат сите афирмирани и неафирмирани автори постари од 16 години кои пишуват поезија.
Авторот треба да испрати една песна со должина од 12 до 20 стихови на мејл адресата: divan.mk@hotmail.com со назнака „за Мостови на пријателство 6“.
Песната се потпишува со податоци на авторот, се праќа во Word, и треба да е напишана на босански или македонски јазик. Авторите кои пишуваат на други јазици може да испратат песна на својот јазик со превод – препев на босански или македонски јазик (двојазично).
Од пристигнатите поетски творби Комисијата ќе ги избере најдобрите кои ќе бидат објавени во заедничката збирка. Трудовите кои не ги задоволуваат условите на јавниот повик нема да бидат разгледани.
Имињата на авторите застапени во збирката ќе бидат објавени на фејсбук страницата на здружението.
-Со апликацијата на овој јавен повик авторите се согласни да нивните авторски творби бидат објавени во збирката и на ФБ страницата „Udruženje Divan“. За трудовите не се плаќа хонорар, ниту трудовите се враќаат на авторите. Ги молиме авторите да ги почитуваат правилата на јавниот повик и рокот за испраќање на поетските творби, соопштија од здружението „Диван“.