Една од водечките белканто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена денеска со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет.

„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.

Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор: Верица Ламбевска.

Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико: Ристе Велков, Едгардо: Благој Нацоски, Артуро: Никола Стојчески, Рајмондо: Алесандро Абис (Италија), Ализа: Соња Пендовска Мадевска, Нормано: Дејан Стоев. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.