Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, бара воведување квоти на застапениот на лицата со попреченост на листите на советници и пратеници, соопштија денеска од здружението. На овој начин, сметаат од здружението ќе се слушнат и застапуваат потребите на лицата со попреченост.

– Сега е постизборен период и во може да поднесуваме иницијативи, да иницираме промени во изборниот законик и во другите закони кои се поврзани со изборниот процес и да разговараме за политичкото учество на лицата со попреченост. Ние бараме квоти на застапеноста на лицата со попреченост на листите за кандидати за советници и пратеници но исто така бараме и квоти на застапеноста во изборните органи. Сметаме дека ќе имаме подобри политики во следниот период вклученост на лицата со попреченост во носење на одлуки, изјави Благица Димитровска од „Инклузива“.

Според проценките на здружението, правната рамка од оваа област не е соодветна за потребите на граѓаните. Доколку, лицата со попреченост не учествуваат во носењето на одлуките, тогаш не ги знаат нивните потреби и законски основи кои ги ограничуваат овие права.

– За таа намена ние овој пат заедно со Институтот за човекови права односно судијката Маргарита Цаца Николовска ни направи анализа на правната рамка и недостатоците, беа презентирани на јавен настан во Скопје, каде што присуствуваа пратеници, политички партии, комисијата за заштита од дискриминација, народниот правобранител и лица со попреченост. Заедно дискутиравме по ова прашање, рече Димитровска.

Таа потенцираше дека нема пречка, да има квота на застапеност на лица со попреченост слично како што има застапеност по основа на пол. Токму поради ова смета Димитровска, сè уште нема пратеник-лице со попреченост. Од „Инклузива“ информираат дека засега има тројца советници, а на листите имало седум кандидати.

– Ако имаше квота или афирмативна позитивна мерка, ако некој од советниците отиде на друга позиција и ќе треба замена, да може веднаш лицето со попреченост што било на листата да влезе во Советот на општината, така што да ги исполнува овие критериуми, вели Димитровска. Во овој период се организираат обуки за лицата со попреченост, предвидено е да се одржат четири обуки за различни видови на лица со попреченост и ќе следи поднесување на иницијативата во Собранието.

Димитровска вели дека самата како член на работната група за измени на Изборниот законик, ќе се залагаа за ова прашање. Таа потсети дека на претходните изборни циклуси пример во 2016 година за време на предвремените парламентарни избори имало едно лице со попреченост на листата, попреченост, за локалните избори во 2017 биле три лица со попреченост на листите, но ниту едно не влегло во Совет.

– На последните локални избори, имаше седум лица со попреченост, од кои четворица беа наши набљудувачи. Ги поттикнавме да се вклучат во политиката. Три беа носители на листи, двајца станаа претседатели на совети, едното е советник, но сепак тоа е малку, има 80 општини. Ние би сакале во секоја општина барем да има по едно лице и кога ќе ги носат локалните политики ова лице ќе дејствува за подобри политики на локално ниво, вели Димитровска.