Приклучувањето на штипската Филтер станица на Хидросистемот „Злетовица" драстично ја намали сметката за електрична енергија на ЈП „Исар"-Штип.
Директорот на ЈП „Исар"-Штип, Трајче Здравков вели дека новата сметка за струја е помала за осум милиони денари или новата сметка е со вкупен износ од 11 милиони денари. Смета дека сметката за март ќе биде пониска бидејќи приклучувањето на цевковот на ХС „Злетовица" се случи на 18 февруари.
-Така да цената, сметката од 11 милиони денари за месец март ќе биде значително уште пониска, што значи дека ЈП „Исар" полека го решава тој проблем со високите сметки за струја. Вклучувањето на ХС „Злетовица" ни овозможи да плаќаме и пониски сметки за струја, во овој кризен период, вели Здравков.
Вкупниот долг на штипското комунално претпријатие „Исар" за струја сега изнесува 55 милиони денари.
Лани на добавувачот на електрична енергија, кој едностарно го има раскинато договорот не му биле исплатени 30 милиони, во месец јанауари сметката кон ЕВН изнесуваше 19, а најновата е 11 милиони денари. На добавувачот му се исплатени пет милиони денари од долгот. Здравков посочи дека единствен начин за да се анаулираат долговите е да побараат долговите да ги плаќаат на рати, со цел да не се блокира работата на комуналното претпријатие и да не се загрози неговотото нормално функционирање, а тоа е дистрибуција на водата до домаќинствата и стопанството, како и собирањето на сметот.
Градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов пред два дена на прес-конференција истакна дека енергетската криза силно удира врз работата на двете јавни претпријатија, а освен високите сметки за струја, зголемени се и трошоците за нафта и нафтени деривати.