Борбен авион „Мираж 2000“ на тајванското воено воздухопловство денеска бил изгубен од радарот кај источниот брег на Тајван, но пилотот успеал да се спаси со катапултирање.
Воздухопловните сили на Тајван соопштија дека полковникот Хуанг Чунг Каи се катапултирал од неговиот авион откако пријавил механичка неисправност во авионот.
Хуанг полетал од воениот аеродром Таитунг на рутинска вежба кога се случи дефект. По исфрлањето, полковникот Хуанг Чунг Каи бил префрлен на безбедно со хеликоптер.
Воздухопловните сили на Тајван се соочуваат со проблем со застарена опрема како и со тешкотии при набавка на резервни делови поради обидите на кинеските власти, кои го сметаат Тајван како дел од нивната територија, да го изолираат островот.
Воздухопловните сили на Тајван сè уште имаат 50 француски авиони „Мираж 2000“ од 1990 година, заедно со 140 американски Ф-16 и 129 авиони на израелските одбранбени сили.
Покрај вообичаените проблеми предизвикани од застареноста на опремата, тајванските борбени авиони се соочуваат и со постојан проблем кинеските воени авиони да влегуваат во нивниот воздушен простор.