По подолг период на апстиненција во постигнувањето на позначајни резултати, спортските екипи од општина Дојран полека се враќаат на патеката на успесите, потврди денеска дојранскиот градоначалник Анго Ангов.

Oпштина Дојран во изминатиот период одвои значителна сума на финансиски средства од својот буџет со што ги поттикна остварените резултати на женскиот фудбалски клуб „Истатов“ машките фудбалски колективи „Дојранско Езеро“ од Нов Дојран и „Џокер“ од Фурка, како и двата новоформирани карате клубови.

– Општина Дојран и во иднина ќе продолжи со мотивирањето на спортистите и спортските клубови во постигнувањето на нивните цели и успеси затоа што веруваме дека спортот придонесува за здрави генерации, за телесен и духовен развој, и, секако, за спортските победи кои на сите нас ни се особено драги, рече градоначалникот Ангов.

Посочи дека наскоро општина Дојран ќе инвестира во расчитување, оградување и обележување на фудбалското игралиште во селото Фурка како и во реконструкцијата на веќепостоечката соблекувална со што ќе се подобрат и условите за работа на фудбалскиот клуб „Џокер“.