Прва форумска сесија во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Како што соопшти Центарот за развој на Скопски плански регион, проектот започнува со реализација на нов циклус на Регионални форуми на заедницата. Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Министерството за локална самоуправа.

– Целта на регионалните форуми е да се зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на регионално и локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу регионалните и локални субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес за Скопскиот регион, се вели во соопштението.