Светската група за човекови права „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Њујорк соопшти дека од декември досега припадници на армијата на Мали убиле најмалку 71 цивил.
Случаите на злоупотреби од страна на припадниците на армијата се регистрирани во централниот и југозападниот дел од земјата, каде се водат вооружени престрелки за задушување на исламистичкиот бунт што ја зафати земјата во 2012 година.
„Има драматичен раст на бројот цивилни лица убиени од армијата на Мали, како и жртви на вооружените исламистички групи. Бројката веќе навестува воено злосторство“, изјави Корин Дуфка, директорка на „Хјуман рајтс воч“ за централната малиска област Сахел.
Во истиот во земјата се убиени и 36 цивили од страна на припадниците на исламистичките бунтовници.
Воената управа на Мали ги отфли тврдењата.