Шефот на јапонската дипломатија Јошимаси Хајаши денеска изјави дека руската инвазија на Украина ја покажала потребата од реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации, во кој земјата има постојано седиште, пренесоа британските медиуми.

Министерот Хајаши на редовната прес-конференција рече дека Јапонија ќе стори сé за да го реформира Советот, откако упати апел оваа азиска нација да стане постојана членкана Советот за безбедност на ОН.