Руските сили во текот на ноќта отворија оган врз главниот цивилен регионален аеродром во украинскиот град Днепар, изјави гувернерот на регионот. Во нападот е уништена пистата.

Комерцијалните авиокомпании го избегнуваат украинскиот воздушен простор поради страв од безбедноста по руската инвазија. Днепар е индустриски град во источна Украина со население од околу еден милион луѓе.

Градот првпат беше цел на воздушни напади кон крајот на минатата недела.