Обединетите нации соопштија дека постојат јасни индиции дека војската во Мјанмар извршила злосторства против човештвото по државниот удар.
– Навистина успеавме да воспоставиме модел во текот на минатата година што покажува дека ова се планирани, координирани, систематски напади; дека постојат јасни индикации дека тие се еднакви на воени злосторства и злосторства против човештвото, рече портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права Равина Шамдасани.
Меѓународниот дипломатски притисок и санкциите против воената хунта во Мјанмар се интензивираа по соборувањето на цивилната лидерка Аунг Сан Су Ќи минатата година.
Европската унија воведе санкции за војската на Мјанмар, нејзините водачи и правни лица, а норвешкиот телекомуникациски оператор Теленор го продаде својот удел во бурманската услуга за дигитално плаќање поради државниот удар.
Според локална мониторинг група, повеќе од 1.400 цивили се убиени како резултат на воената репресија врз дисидентите, а во земјата се појавиле бројни милиции.