Марина Овсјаникова, која вчера среде програма на руската државна телевизија се појави во живо со антивоени пораки е исчезната, велат од Европската Комисија.
Овсјаникова среде програма во живо на руската државна телевизија се појави со транспарент со антивоени пораки и побара од руските граѓани да не и веруваат на режимската пропаганда на Кремљ.
Според Европската Комисија новинарката е уапсена, а нејзините адвокати не можат да стапат во контакт со неа.
-Овсјаникова зазеде храбра морална позиција и се спротивстави на лагите и пропагандата во живо на медиум к онтролиран од државата и чиј директор е главен пропагандист. Марина е уапсена, таа исчезна, а нејзините адвокати немаат дозвола да стапат во контакт со неа, изјави попладнево Петер Стано.
Тој ги поздрави и останатите илјадници руски граѓани кои се противат на војната во Украина и на кои им се одземени основните слободи на изразување и мислење.
-Повеќе од 40 илјади Руси се задржани поради тоа што се противат на оваа нелегална и неморална војна и ние ја поздравуваме нивната храброст, додаде портпаролот Стано.