Општина Гази Баба во соработка со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија по повод 15-ти Март - Националниот ден на Унгарија организираа положување на цвеќе пред споменикот на Лајош Кошут, истакнат унгарски политичар.

Пред споменикот на Лајош Кошут во населба Триангла положија свежо свеќе делегација на Амбасадата на Унгарија предводена од Амбасадорот Ласло Иштван Дукс, делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски и делегација на здружението на Унгарците во Македонија Теледом.

На настанот свое обраќање имаа градоначалникот Стефковски и Амбасадорот Дукс и двајцата ја истакнаа одличната соработка помеѓу општина Гази Баба и амбасадата на Унгарија во Република Македонија за која говорат бројните реализирани проекти и активности.

Градоначалникот Стефковски во свое лично име и во името на граѓаните на општина Гази Баба на Амбасадорот Дукс и на Унгарскиот народ им го честиташе денешниот национален празник на Унгарија.

На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на Република Македонија Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, како и претседателот на Советот Дијана Илиевска.

Градоначалникот Стефковски за настанот информираше на својата официјална страна на фејсбук.