Работните екипи на општина Чаир, создаваат нов паркинг простор со површина од 1.200 квадратни метри лоциран во населбата Топанско Поле, односно на улицата „Митатх Фрашери“ (поранешна „Македонскo-косовска бригада“).

Како што информираат од локалната самоуправа, овој нов паркинг простор значително ќе влијае на зголемувањето на бројот на паркинг места во нашата општина.

Од општината велат дека нема да застанат тука, туку ќе продолжат со уште поважни проекти за Чаир и чаирчани.