Советот на Општина Битола прифати противпожарна опрема, набавена и доделена со одлука на македонската влада, која во наредниот период непречено ќе ја користат битолските пожарникари.
Станува збор за противпожарната опрема за потребите на Територијалната против пожарна единица во Битола, која содржи комплет сет спасувачки систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди (земјотреси) и комплексни сообраќајни незгоди (автобуси, тешки товарни возила и слично), како и комплет сет за спасување од поплави, кој меѓудругото содржи агрегат, потопна пумпа и други елементи.
Со владината одлуката за распоредување на набавена противпожарна опрема, освен Општина Битола, опфатени се и Градот Скопје и општините Куманово,Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.