Без вода утре од 8 до 10 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Никола Тесла“ и „Руѓер Бошковиќ“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект во шахта од Ф-1цол на улица „Никола Тесла“ 35 во населба Тафталиџе.