*Од руски аспект, преговорите со Украина не одат добро, но има одредена надеж за компромис, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

*Продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина. Украински преговарач вели дека „има шанса за компромис“.

*Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позицијата на Русија во преговорите „звучи многу пореалистично“.

*Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе присуствува на самитите на НАТО и Европската унија во Брисел.

*Околу 29.000 луѓе беа евакуирани во вторникот од украинските градови, главно од опколениот Мариупол, изјави висок украински функционер.

*Советот на Европа покрена постапка за исклучување на Русија од членство, откако руското Министерство за надворешни работи во текот на денот ја информираше организацијата дека покренува постапка за повлекување.

*Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија, изјави лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

*Од почетокот на агресијата досега руските вооружени сили имаат претрпено загуби до 40 отсто од ангажираната техника и луѓе во Украина, тврди Генералштабот на украинската армија.