Времето во текот на денов ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови каде што повремено ќе засилува.

Максималната температура е во интервал од 11 до 17 степени. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд.

Според УХМР, во Скопје е сончево со мала до умерена облачност и дневна температура до 15 степени, а во текот на ноќта ќе има слаб локален дожд.

Утре ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а в петок поради заладување ќе има локални врнежи од снег, претежно во југоисточните делови од земјава.

-Потоа следува период на постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.