Осум наставници по физичко и здравствено образование денеска добија договори за реализација на наставата по Физичко и здравствено образование за четврто и петто одделение во охридските училишта, како тандем наставници.

Договорите им ги врачи градоначалникот Кирил Пецаков, кој посочи дека согласно Законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по физичко и здравствено образование, па затоа Општината со сопствени средства во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид ангажира наставен кадар.

– Целта е и овие две генарации да бидат опфатени и часовите да бидат реализирани од стручен кадар, односно од наставници по физичко и здравствено образование, истакна Пецаков.

Општина Охрид е прва во државата што доби позитивно мислење од Бирото за развој на образованието за реализација на ваков проект.