Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Иван Цанкар“ бр.72 и „Христо Татарчев“ бр.16а.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекините се поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Иван Цанкар“ бр.72 и изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. „Христо Татарчев“ бр.16а.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.