Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, денеска имаше телефонски разговор со Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија.
За време на повикот, Саливан предупредил „за последиците и импликациите од секоја можна руска одлука да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина“.
Во соопштението објавено од Белата куќа, портпаролката на Советот за национална безбедност на САД Емили Хорн наведе:
„Советникот за национална безбедност Џејк Саливан денеска разговараше со генералот Николај Патрушев, секретар на рускиот Совет за безбедност, за да го повтори цврстото и јасно противење на САД на неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија на Украина“.
Саливан јасно ја истакна посветеноста на САД да продолжат да наметнуваат трошоци за Русија, да ја поддржат одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и да го зајакнат источното крило на НАТО, во континуирана целосна координација со нашите сојузници и партнери.
Саливан му рекол на генерал Патрушев дека ако Русија е сериозна во врска со дипломатијата, тогаш Москва треба да престане да ги напаѓа украинските градови и населби.
Саливан, исто така, го предупреди генералот Патрушев за последиците и импликациите од секоја можна руска одлука за употреба на хемиско или биолошко оружје во Украина“.