Поглаварот на Римокатоличката црква папата Фарнциск вчера разговараше со патријархот на Руската православна црква Кирил за војната во Украина, пренесоа британските медиуми.
Лондонски „Гардијан“ пренесува дека ова е првпат од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина поглаварите на двете цркви воопшто да разговараат.
Папата Франциск, во неколку наврати во изминатите три недели повикуваше на прекин на воените дејствија и враќање кон дијалогот и предупредуваше на страшната сиромапштија што војната ја остава зад себе.