Полскиот премиер Матеуш Моравјецки повика на воведување поостри антируски санкции, изјавувајќи дека за него нема „црвени линии“ кога станува збор за економските санкции кон Русија.

-За мене не постојат црвени линии во однос на економските санкции против Русија, изјави Моравјецки во интервју за германскиот весник „Билд“.

„Навистина, треба да бидеме доследни и да нема веќе исклучоци во блокадата на банките и одземањето на имотот на олигарсите. Неопходно е да нема веќе визи за руските граѓани и да биде замрзнат целиот имот на членовите на партијата Единствена Русија“, додаде Моравјецки.

Покрај тоа, тој уште еднаш повика да се запре увозот на енергенси од Русија.

-За да се реализира тоа, потребно е што поскоро целосно енергетско ембарго од страна на Германија и Европската унија“, изјави полскиот премиер.