Еден од основачите и поранешен лидер на германската левица, Оскар Лафонтен, ја напушти партијата.
За оваа своја одлука Лафонтен кажа дека е донесена бидејќи партијата ги напуштила своите основни вредности.
„Сакав да има една лева алтернатива на политиката на социјална несигурност и нееднаквост во политичкиот спектар и затоа ја коосновав Левица (Die Linke). Денешната левица се откажа од своите вредности“, напиша Лафонтен во своето објаснување на одлуката за напуштање на партијата.
Лафонтен ја напушти Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во март 1999 година по расправија со тогашниот канцелар Герхард Шредер. Тој, инаку, претходно беше министер за финансии во владата на канцеларот Шредер.
По изборите во провинцијата Зарланд тој најави дека, по пет децении во политиката, ќе се повлече од активната политичка борба.
Лафонтен од 2009 година е шеф на пратеничката група на Левица во покраинското собрание на Зарланд.