*Британското разузнавање соопшти дека рускиот напредок е минимален во последните денови.
*Најмалку едно лице загина, а три се повредени при пад на проектил во Киев.
*Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече Русија терористичка држава.
*Бајден го нарече Путин воен злосторник, а Кремљ рече дека изјавата е „непростлива“.
*Според Обединетите нации, повеќе од три милиони Украинци биле принудени да ја напуштат земјата, додека два милиони се внатрешно раселени.
*Захарова по повлекувањето/протерувањето на Русија од Советот на Европа со пораката – „не сме вреќа за удирање“.
-Во грантираниот театар во Мариупол имало над 1.000 цивили, од кои повеќето биле деца. Засега нема информации за бројот на жртви.
*Билд тврди дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ноќеска полетал за Пекинг, но набрзо потоа се вратил во Москва. Весникот не ја наведува причината за одложувањето на посетата.
* Украинскиот претседател Володомир Зеленски имаше обраќање пред германскиот Бундестаг, по неговите говори во британскиот парламент и вчерашниот пред американскиот Конгрес.