Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот за документарен филм во Солун во Грција. Филмот е во режија на Сузана Диневски, а е во продукција на Сузи Кју.

Продуцент на филмот е исто така Сузана Диневски, а ко-продуценти се Владимир Стојчевски (Аворд Филм и Видео) и Бојана Диневски (Сузи Кју). Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ.

Музиката е на Дуке Бојаџиев, организатор е Горан Стојилковиќ, а тонски дизајнер е Игор Поповски.

Филмот раскажува две интимни љубовни приказни на две млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворка казна во КПД Идризово.

Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм.