Група од четворица студенти ќе бидат на пракса во лабораторијата, во периодот од март до јуни оваа година.
Во рамките на Еразмус договорот за соработка помеѓу Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" (УГД)-Штип и Хемиското училиште во Пардубице, Република Чешка, продолжува изборот на УНИЛАБ лабораторијата за пракса на студентите, информираат од Центарот за односи со јавност при УГД-Штип.
-Група од четворица студенти ќе бидат на пракса во лабораторијата, во периодот од март до јуни оваа година. Благодарение на тимот и одличната соработка на вработените во УНИЛАБ, студентите ќе изведуваат практична лабораториска работа, но воедно и директно ќе бидат ангажирани во изведување на лабораториски анализи во УНИЛАБ лабораторија. Во понатамошниот тек од престојот, студентите ќе имаат комбинирано и теренска настава и посета на винарии, велат од Унилаб лабораторијата на УГД-Штип.
Ова е четврта група на студенти кои доаѓаат на практична настава во УНИЛАБ лабораторијата, на подолг студиски престој. Соработката на лабораторијата ќе продолжи и понатаму како за кратки така и за долги студиски престои.