Група ученици и професори од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се вратија од Порто, Португалија каде со врсници и професори од Полска, Турција, Италија и Португалија учествуваа во рамки на проектот „Училишно онлајн радио“ преку „Еразмус плус“ програмата. Ова е трета мобилност во рамки на проектот кој е наменет за едукација на ученици за снимање радиоемисии и поткасти.

– ПРОЕКТОТ ПОЧНА ВО 2019 ГОДИНА, А ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ВО 2022 ГОДИНА ВО АВГУСТ. СЛЕДНАТА МОБИЛНОСТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО КУМАНОВО, КОН КРАЈОТ НА АПРИЛ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРОТ ФИЛИП МЛАДЕНОВСКИ.

Учениците снимале и сопствени аудио проекти, што според професорката Елена Марковска се иднината на радиото.

-ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СЕ СВРТЕНИ КОН СНИМАЊЕ НА ПОТКАСТИ, ЗАТОА И БЕШЕ ВАЖНО ДА НАУЧАТ И ДА ОСОЗНААТ МАЛКУ ПОВЕЌЕ ОКОЛУ ТОА КАКО БИ СЕ СНИМИЛЕ ПОТКАСТИ НА РАЗЛИЧНИ ТЕМИ, РЕЧЕ МАРКОВСКА.

Учениците ги снимале во радиото „Нова“ во Порто, а имале можност и да видат како тече процесот на уредување на весникот „Публика“. Во активноста биле прочитани поеми на македонски и англиски јазик. Гимназијалците посетиле и приватно училиште во Порто, каде тамошните ученици се посветени на изработка на поткасти.

Ученичките Лара Трајковска, Констанца Михаел и Ане Денковска кажаа дека имале можност да се запознаат со начинот на функционирање на образованиот систем во Португалија, но и културата и традицијата на врсниците и кажаа дека посетиле знаменитости