Во ликовниот салон од Домот на културата во Македонски Брод, денеска ќе биде отворена изложба на ликовни творби создадени на ликовната колонија „Караманов“ од Радовиш, во текот на изминатата календарска година.
Изложбата содржи ликовни творби изработени на последната ликовна колонија „Караманов“ во Радовиш со голем формат 70 пута 50 сантиметри, вкупно 20. Се работи за дела создадени во техника масло на платно, а љубителите на убавата уметност од Македонски Брод ќе можат да ја видат во наредните 7 дена, рече директорката на Домот на културата, Милена Стокческа и најави кој се ќе ја посети оваа изложба.
– Изложбата покрај граѓаните очекуваме да ја посетат и учениците од основното и средното училиште од нашиот град со нивните претпоставени. Инаку оваа ликовна изложба ја презедовме од Кавадарци, каде што беше претставена претходната недела. Оваа изложба ја организиравме и по повод 21 март – Денот на пролетта, кога започнува и најубавиот период од годината, нагласи Стојческа, која ќе ја отвори оваа изложба.