Шумите во Националниот парк „Галичица" имаат големо еколошко значење и вклучуваат повеќе типови живеалишта кои се сметаат за загрозени или ретки во Европа и се значајни за зачувувањето на повеќе видови, кои се сметаат за клучни вредности, посочуваат од јавната установа НП „Галичица", по повод 21 март – Светскиот ден на шумите.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на шумите, според претпријатието, е подигање на свеста за важноста на шумите.

– Согласно EUNIS класификацијата на типови на живеалишта од 2017, во Паркот се среќаваат десет типови шумски живеалишта, со вкупно 13 растителни заедници, кои се заштитени со Директивата за живеалишта, посочуваат од НП „Галичица".

Шумите, додаваат, покриваат 30 отсто од површината на земјата и се витални живеалишта за милиони видови. Тие се извор на чист воздух и вода и клучни за борбата против климатските промени.