Активисти од Здружението „Еко-живот” и средношколци од Земјоделско-шумарското училиште, посадија украсни зимзелени дрвца во дворот на просториите на кавадаречките невладини организации.
-Со оваа еколошка акција сакаме да го нагласиме значењето на чистата и здрава животна средина, да се зголеми еко свеста и да се води повеќе грижа за околината. Ние како здружение за заштита и унапредување на животната средина, имаме соработка со Средното општинско земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров” и на други еко проекти, рече за МИА, Роберто Паризов, претседател на Здружението.
Тој потсети дека заедно со ова училиште го спроведуваат и проектот за доработка и реупотреба на предмети, со цел што е можно помалку отпад.